Есен е годишно време кога лисјата паѓаат
ја раскажуваат својата приказна
и ја формираат својата патека.
Така еден по еден лист жално паѓаат,
со едно ветување дека на пролет
повторно ќе изникнат нови,поубави и помлади лисја,
со тоа ќе продолжи нашето дружење таму каде застанавме.
Во есен децата поаѓаат во училиште
зимница се прави во сите дворови
одсекаде се гледа дим и чад,
се сечат дрва за во зима,
се прават разни компоти и сокови.
За да кога дојде зима бидеме подготвени
и никого да не не изненади,
бидејќи зима 'ко зима ништо не дава - туку само зема,
одеднаш без да се најави тропне на врата
и затоа тогаш да имаме што да јадеме и пиеме.