Прегратка

2 0 0
                                    

Прегратка е прекрасна ако е вистинска - не лажна,

едноставно ќе се препознае кога се спојат нашите души две

срцето чука најсилно што може,

во која двајцата трепериме - се тресеме од среќа,

очите од радост ни заиграат

'ко ѕвездите на небо што најсилно светат и светат до крај

ни ги осветлуваат нашите лица додека стоиме во мракот,

кога се прегрнеме стоиме споени прашање е колку време,

не е ни важно,

важно е стоиме 'ко стрелките на часовникот

споени точно на полноќ,

само ние двајцата сме споени и не мрдаме

за разлика од стрелките на часовникот,

бидејќи прекрасно ни е на нашите срца и души

одлично се чувстувуваме и се грееме од нашата прегратка

'ко радијатори кога ја постигнат

највисоката точка на вриење

и не би се никогаш разделиле од нашата прегратка

сепак за жал мораме,

кога душата преполна со емоции не може ни збор да каже,

тоа е вистинска прегратка по која секој човек копнее

со нетрпение ја очекува,

на која постојано се надева и ја сака.

Ех,секој човек би копнеал

да има секој ден таква прегратка,

насекаде би ја тражел

само да е од вистински човек и пријател,

бидејќи нема ништо подобро

кога знаеш дека некого чекаш да дојде на твоите порти

за да силно му се фрлиш во неговата прегратка.

You've reached the end of published parts.

⏰ Last updated: Apr 06, 2018 ⏰

Add this story to your Library to get notified about new parts!

ПреграткаWhere stories live. Discover now