Сулфатите едноставно кажано се соединенија на детергентите, кои ја имаат моќта на растворање на мастите и нечистотијата. Можеме да ги најдеме во повеќето средства за чистење како: сапуни, купки, шампони, гелови за туширање, но и во средствата за чистење во домаќинството, како што е прашокот за перење, течноста за миење садови и сл. Тие се во широка употреба во козметичката индустрија, затоа што нивната цена е ниска, ефикасно чистат и прават многу пена.
Нивната штетност се одразува во иритацијата и сушењето на кожата, посебно ако имате сува и чувствителна кожа склона кон дерматитис. На сулфатите посебно чувствителна е нежната детска кожа. Сулфатите ќе ги пронајдете под разни имиња: sodium lauryl sulphate (SLS), sodium laureth sulphate (SLES) – малку поблаг сулфат и ammonium lauryl sulphate (ALS). Ако имате чувствителна кожа на скалпот избегнувате ги сулфатите во шампоните!
Прочитај за алкохоли на следната страна ▶️▶️▶️
YOU ARE READING
Дали на сулфатите и алкохолите им е местото во козметичките производи?
Non-FictionСоставот на секој козметички производ е истакнат на неговата декларација односно испишан на задната страна од амбалажата. Знаете ли што да побарате на декларацијата, како да ја прочитате и на што да обрнете внимание?