На мои петнаесет години со мајка ми се преселивме во Америка, кај мојот татко кој таму работеше. Незнам дали Америка животот ми го претвори во рај или пекол, незнам дали доживеав тага или радост. Но знам дека таму сфатив што е љубовта, ја дознав моќта на верувањето и подарувањето на целиот свет, на некој кој те остави и изигра. Но сепак сега сум среќно оженет и сум татко. Таа љубов што ја доживеав таму нема никогаш да ја заборавам, ниту таа моја проклета Ана, со сините очи и плавата коса.