На детективката Алекс Менинг и е доделен случајот на убиство на Кети Пејџ, млада студентка од Аризона за која не се знае ништо пред доаѓањето на студии во Њујорк. На местото на убиството се среќава со новинарката Синтија Декер која во својата емисија истражува политички заговори, нарко картели и коруптивни скандали. Нејзините информации за вмешаноста на Кети во измама ќе го однесат случајот на Алекс Менинг во сосема неочекуван правец.