Четири

1 0 0
                                    

Гимназија ,,Св. Елена"

20ти Ноември 2025

Аи беше седната на столот на Максим, додека тој ги носеше трите палта до закачалките. Беше необично гледајки се себеси во тoлку лежерно присуство со Аи, но на Ноел му негодуваше нејзина близина. Еден дел од неговата душа му кажуваше дека и му недостасуваше нејзиното присуство, посипено во меланхонијата по минатото. Каде што секогаш ја носеше косата пуштена кога е ладно, за да и ги грее ушите и вратот, а нему му годеше кога ќе ја прегнрни локните да му го скокоткаат лицето, Аи ја имаше фатено косата во низок кок, со неколку диви локни како и паѓаат на слепоочниците. Сега само можеше да се потсетува на чувството додека трепнува.

Максим се врати, потпирајки го задникот на работ од масата на Ноел, гледајки ги двајка со крајот од окото. Зад него имаше планина од палта, каде неговото кремаво сако стоеше на врвот. ,,Ноел конечно ќе признам дека не си зимурлив, еве тоа ќе ти го признаам."

,,Ќе ми го признаеш?"

,,Да. Не мислев дека толку ќе паднат степени седмицава, бестрага, а седмицава само што започна." Тропнува со тупаница на дрвената маса. ,,Поважно прашање, дали ќе ми вклучиш споделување на мобилен интернет?"

Ја поткрена веѓата. ,,С-сега?"

,,Не баш сега." Ги заврти очите. ,,Кога ќе започне часот. Посекако имаме час со Феба, а нејзе две седмици и е сеедно."

,,Можеби има менструација."

Аи се вклучи. ,,Две седмици?"

,,Една седмица со ПМС, другата самата менструација." Ги спушти рамениците. ,,Добро Макс ќе ти споделам од мојот интернет, немој да си ја мачиш главичката."

,,Или-или можам да пишувам по нешто домашно."

,,Максим, започнуваш да зафркаваш со училишните обврски." Аи ја накипи главата, гледајки го. ,,Што немаш овој пат?"

,,Овој пат?" Двајцата не го восприемиа прашањето на Ноел и продолжија да разговараат.

,,Типичното."
,,Јас ќе ти дадам да препишиш." Намигнува кон него и потоа погледнува кон Ноел. ,,Немој да го трошиш интернетот за друг освен за себе."

,,Тебе ти треба?" Светлата страна е дека ако не се двајцата сами, за да мисли на нејзините усни повторно како го допираат неговиот образ, да фантазираат нивно лазење кон неговата уста, не дткаше. ,,Не ми е проблем да ти спо-"

Лејди МадонаWhere stories live. Discover now