Колку вреди еден човечки живот?

5 0 0
                                    

Добро прашање е, но не вреди ниту 1 денар, едноста-вно денес те има – утре те нема.

Како светлината што сама се пали и гаси, некогаш не-ма повеќе да се запали, ќе згасне засекогаш, или кога сонцето надвор понекогаш не грее, туку времето е обла-чно, врне и врне без прекин.

Како езерата што се полнат од изворите, еден ден знаат изворите да пресушат, тогаш езерата засекогаш ќе згаснат бидејќи нема од каде да се полнат.

Kако што чичкото секој ден во 7 часот наутро ја удира камбаната во црква да означи нов ден, така еден ден нема да чука бидејќи чичкото ќе почине, со тек на време камбаната ќе се сруши и самото место ќе исчезне.

Може само постарата генерација да се присетува на него, дека тука, на тоа место, постоела камбана.

И или како секој камен што си има своја приказна, можеби тој самиот не знае или не е свесен зошто е на тоа место поставен, така е кога не знае како нас да зборува. Некогаш ќе се дознае можеби вистината за него, прашање на време е, сепак, тој тука се создал, ќе живее сè додека не се распадне и не го однесе некоја поголема река на друго место.

Дали ќе биде поубаво или полошо, времето ќе покаже, најважно каменот си ја раскажува својата приказна со години и години за која само тој знае и никој друг.

Секој човек кој сонува љубовта да ја доживее и почувствува додека е жив, еден ден може и да почине затоа што никогаш не ја почувствувал таа вистинска љубов на своја кожа и ќе биде разочаран, повлечен, тажен до крајот на животот.

Неговото срце и душа се заледени до бескрај, за жал нема кој да ги стопли, бидејќи ја нема таа толку потребна, посакувана прегратка.

Сепак, по неговата смрт за него луѓето ќе кажуваат и прераскажуваат дека бил прекрасен човек со срце и душа, секогаш подадена пријателска рака, тука се неговите дела кои ќе зборуваат за него, дека бил непосреден, искрен и обичен, впрочем како сите луѓе, полн со љубов, на секого да подари топла прегратка, секој човек да прегрне, за да му ги стопли срцето и душата, среќен е кога знае дека ги усреќува сите луѓе околу него со неговата појава.

Добриот човек по добрите дела се препознава.

Колку вреди еден човечки живот?Where stories live. Discover now