Код 187

6 0 0
                                        

Алекс Менинг пристигна на местото на злосторството во 6.40, едвај половина час по повикот со кој ја информираа за код 187, нов случај на убиство. Униформираните полицајци, кои ги задржуваа љубопитните минувачи подалеку од жолтата лента, ја пропуштија и таа се приближи до телото кое лежеше во валканата уличка, во близина на 2 преполни контејнери. Покрај безживотната девојка клечеше Аманда Родригез, веројатно најубавиот патолог во цела држава Њујорк па и пошироко. 

- Што имаме Менди? - и се обрати Алекс.

- Русокоса жена на околу 20тина години, според температурата на телото мртва е веќе 4 часа, што значи времето на смртта би го ставила ноќеска околу 2 часот. Има рана на главата, гребнатинки по телото но необично малку крв околу неа, ќе знам повеќе за причината за смртта по аутопсија. 

- Не е бездомничка, - заклучи Алекса клекнувајќи  покрај телото - дотерана е како за излегување по клубови. Имаме ли идентификација?

- Засега не, не најдов ташна ниту документи. 

Алекс ја набљудуваше положбата во која беше оставено телото. И се чинеше чудно извртена со едната рака под градите и вратот неприродно завртен кон рамото. Како да ја фрлиле од автомобил во движење и се тркалала пред да удри во тротоарот. 

- Кој ја најде?

- Тројца многу пијани момци на кои им дадовме кафе пред да дојдеш за да се освестат и да дадат некоја покохерентна изјава од "не ми се верува дека најдовме мртва девојка". Мајлс веќе им зеде податоци.

- Прва задача ни е да откриеме која е жртвата. Каде е Мајлс? - праша Менинг осврнувајќи се да го побара партнерот Џон Мајлс. 

- Мајлс тукушто ја идентификуваше жртвата - се огласи познатиот глас на детективот кој често кога имаше нешто важно да каже зборуваше за себе во трето лице. На 45 години веќе имаше зад себе 20 годишна кариера во полиција со најдолго искуство во пороци и убиства. Беа партнери со Алекс Менинг откако дојде во одделот за убиства и се чини само тој немаше проблем да работи со самобендисаната кучка како што зад грб ја нарекуваа во одделот. 

- Што имаш Мајлс?

- Жртвата се вика Кети Пејџ, ја најдов нејзината ташна зад контејнерот на крајот од уличкава покрај задниот влез на ресторанот. Има возачка од Аризона и чип картичка за влез во библиотеката на Униерзитето Хадсон. Изгледа имаме студентка која претерала со забавата. 

- Имаше ли мобилен телефон во ташната?

Не. И пред да прашаш ДА, проверив и околу и во контејнерот. Кој и да ја фрлил ташната, телефонот го задржал. 

- Можеби мотивот бил кражба?

- Тешко, во ташната останале картичката и 300 долари во банкноти од 20 и 10 долари. 

Алекс се исправи во исто време со Аманда, која веќе даваше инструкции за да го однесат телото. Размислуваше дали да ги испрашува сведоците сама или да го остави Мајлс и да го прочита неговиот извештај подоцна. 

- Се гледаме подоцна Алекс, ќе ти ѕвонам штом имам нешто. - ја поздрави Менди. 

- Мајлс, што велат тројцата кои ја пронашле? - реши дека партнерот веќе има извлечено се што може да се извлече и нема да губи време на дополнително испрашување. И покрај спороста Мајлс беше детектив со искуство и добар осет. Некако и се чинеше дека тројцата што го пронашле телото немаат нешто вредно да понудат што ќе им помогне да го решат случајот. 

- И пијани и полутрезни не кажаа ништо значајно. Се враќале од Рекс, клубот на два блока од овде, не можеле да најдат такси па решиле да скратат преку уличката до булеварот. Прво мислеле дека е бездомничка која спие тука но кога се приближиле сфатиле дека е мртва и повикале 911. Тврдат дека не го допреле телото, „изгледала дефинитивно мртва" - ги цитираше Мајлс ссведоците превртувајќи со очи на нивната бесмислена изјава. Им зедов контакт податоци па ако треба ќе ги побараме пак ако треба да ги допрашаме уште нешто кога ќе им бидат појасни мислите. 

- ОК, организирај униформирани патроли да одат по врати да се обидат да најдат некој што видел или слушнал нешто. Се гледаме во станица. Да се обидеме да откриеме која била Кети Пејџ и кој имал причина да ја убие. 

Алекс се упати кон својот автомобил оставајќи го Мајлс да заврши со форензичарите кои го фотографираа местото и собираа траги. Толпата пред жолтата лента сега беше побројна. Секогаш ја зачудуваше човечката љубопитност за бизарни морбидни настани. Убиството како да вклучуваше некој сеир сензор во главите на мноштвото и едноставно мораа да бидат тука и да останат се додека не го оденесат телото и не си замине и последниот форензичар. 

Пред нејзината зелена хонда стоеше женска силуета која поради одблесокот на сонцето од хаубата не успеа од прва да ја препознае. Како се приближуваше така стануваше понапната. Новинарите воопшто не и беа на листата на омилени личности. Многупати знаеја да ги игнорираат нејзините апели да не објавуваат работи што може да му наштетат на случајот и поради тоа ги сметаше за непожелни лица на местото на злосторството. Жената што ја чекаше покрај нејзиниот автомобил не беше исклучок. 

- Истрагата е во тек. Немам коментар Синтија -  изрецитира Менинг уште пред Синтија Дерн, авторката на истражувачката ТВ Емисија Таргет, да произбори. 

Што знае Кети?Where stories live. Discover now