ЗАБОРАВИ МЕ - ФИЛИП ФИЛИПОВСКИ

284 3 0
                                    

Романот „Заборави ме“ говори за животот на група тинејџери кој уживаат во својата популарност, во своето богатство. Но меѓу нив покрај љубовта, владее омразата, љубомората, лицемерието, непријателството. И тоа доведува да се биде поделен во очите на јавноста, скршен, распнат меѓу јавноста и празниот дом. 

Да му кажеме добредојде на последниот ден од летниот распуст. Од утре нема повеќе излежување во своите кревети до пладне, допишување со своите пријатели преку социјалните мрежи, и лудување до утринските часови. 

Тинејџерска љубов, опиена од ситните солзи на тагата. Што ќе сторите и како ќе постапите,кога секогаш бегате од тоа кобно минатото,но здивот на минатото можете да го почувствувате секогаш во вратот? И што кога личноста кога ја сакате најмногу од се на светот,едноставно ќе си замине.Засекогаш.А тоа нешто што ви го кажа, во вашите глави ќе одекнува постојано,додека сте живи.Ќе ве потсетува додека ја гледате месечината,и безнадежно бдеете кон езерото. Нешто кое никогаш не требаше да биде спомнато. Нешто кое ги проколна засекогаш. Тоа нешто гласеше - Заборави ме.

... Беше темно. Но не околу нас, туку во нашите срца. Не можевме да пронајдеме ниту еден знак што би не упатил кон светлата страна. Тоа е можеби затоа што не сакаме да ја видиме среќата и остануваме затворени во канџите на суровата темнина. Темнина која ги замрзнува нашите срца, и не им дозволува да шепотат за љубовта. Љубов која секој ја посакува. Чиста, врела, искрена... А не парчосана од остатоците на скршенто, повеќе непотребно огледало. Огледало, кое говореше за таа проклета љубов... 

Први декември! Пристигна времето кога ќе морате да носите зимски капи, оние што се оригинал, бидејќи останатите се клише,за жал, и плетени шалови во строго црно бела комбинација. Ах таа мода. Пожелно е да носите и нараквици, за да не ви замрзнат рацете од студот, додека шетате надвор и разговарате на својот мобилен телефон со вашата сакана, надевајќи се дека ќе имате сериозна врска на петнаесет години.

Роман, кој на видум изгледа како бајка, но со тажен крај.

- За авторот - 

Филип Филиповски е писател, поет и фотомодел. Роден е на 21.07.1998 година во Прилеп, Македонија. Романот „Заборави ме“ е неговиот прв објавен роман, кој го издаде на само петнаесет годишна возраст.

„ЗАБОРАВИ МЕ"Where stories live. Discover now