Глава 4

213 2 0
                                    

Ах... Пристигна и триесетти август. Денот кога Михаел ќе ја прави долго очекуваната забава. Имаше многу тинејџери покането. Од тоа момче со костенлива коса, кое живее на периферијата од градот, до таа русокоса девојка која живее во самиот центар. Но само една убава девојка, со црвена боја на косата, не беше поканета. Се прашувате која? Па Симона, нормално!

Ана беше отидена во детската соба на Маја. Разговараа за вечерашната забава. Ана на себе ги носеше зелените пантолони кој ги купи на распродажба, оваа пролет, и бела блуза со куси ракави, на која имаше апликација „Сакај ме“. Маја, според нејзин стил, и ако беше веќе пладне, уживаше во пријатен амбиент со своите розеви пижами на себе.

„Што ќе носиш вечерва?“ – праша Маја.

„Не знам, Маја. Вчера Михаел кога ми се јави на мобилниот телефон, ми зборуваше некако чудно. Нешто крие од мене, сигурна сум.“

„Ах, Ана. Што би криел од тебе?“

„Не знам. Но вчера сакаше тој нешто да ми кажи. Но веднаш се предомисли, и ми рече да не верувам во секакви озборувања што ќе произлезат.“

Маја направи гримаса. Зарем беше сериозна Ана во тоа што го зборуваше? Зарем се сомнева во љубовта на Михаел? Ана и Маја, имаа состанок во ист ден. Ана и Михаел од тој ден се заедно, како што се и Маја со Петар.

Петар и Димитар се шетаа во малскиот парк. Петар, како и секогаш, рацете му беа прибрани во тесните џебови на сините пантолони.  Петар и Димитар, беа пријатели веќе три години. Уште од петто оделение. На сите настани, беа заедно. Еднаш, пред точно три години, додека играа фудбал во улицата каде што живеат, заедно со уште неколку други деца, Петар го скрши со фудбалската топка, прозорецот на тетка Кате, а во тој момент, Димитар ја превзеде вината. Го прикри својот најдобар пријател. А Димитар, како шлаг на торта, доби од своите родители, две недели казна, без излез од својот дом.

„Вечерва на забава“ – рече Димитар.

„Знаеш, многу е убаво кога ќе упаднеш непоканет на забава. “

„Така е.“

„Со Маја се немам видено, веќе три дена.“ – одеднаш изусти Петар.

„Петар, немој поргешно да сватиш, но мислам дека Маја не е за тебе.“

„Оооо. Некој е сега љубоморен“ – возврати Петар. Љубоморен? На кого? На нивната врска?! Не биди смешен.

„ЗАБОРАВИ МЕ"Where stories live. Discover now