Глава 1

451 7 0
                                    

Ана седеше на големиот кревет, во својата соба, јадејќи го од длабокиот сад, својот омилен чипс со многу зачини. Таа ги обожаваше зачините. Сметаше дека тие се важен приоритет за храната. Во еден момент и заѕвона мобилниот телефон. Го зеде од својата костенлива чанта, која беше сместена покрај креветот.

„Кажи Маја?“ – рече.

„Слушај Ана. Имам одлична вест! Михаел не покани на неговата забава, наредната недела. Ќе се одржува во неговиот дом!“ – речиси извика од возбуда Маја, од другата страна на слушалката.

„Тоа е прекрасно. Треба да размислам што ќе носам“ – одговори Ана.

„И јас исто така. Ана, морам сега да исклучам, ќе се видиме подоцна“.

Ана го фрли мобилниот телефон на креветот, каде што безбедно падна. Беше среќна, возбудена, весела... Во овој миг многу чувства и се мешаа. Михаел, забавата ја одржуваше трета година по ред, и беше доволно многу прочуена низ целиот град. Многу момчиња и девојчиња од основните и средните училишта беа поканети, а Ана и Маја го знаеа тоа многу добро. Минатата година, тие две не беа поканети на забавата, и ако беа добри пријатели со Михаел. Можеби не посветуваа доволно внимание на облеката и модата, како оваа година. Оваа последна реченица беше во голема важност за Михаел. Тој секогаш ги потценуваше другите, како не се доволно добри. Тој се сметаше едноставно за совршен. Па, речиси совршен.

Дамјан заѕвона на ѕвончето, пред големата костенлива врата од куќата на родителите од Михаел. Кога речиси заспа на ѕвончето, Михаел ја отвори вратата.

„О, ти си? Влези“ – рече безволно Михаел, а Дамјан учтиво влезе во куќата. Ги соблече патиките кој ги купи од Скопје, кога беа на екскурзија во седмо, оваа пролет и ги остави пред плакарот за обувки. И двајцата отидоа во дневната соба. Кога мислам на дневна соба, мислам на огромен простор во кој има црн седмосед и бела масичка. Спроти нив, на ѕидот имаше поставено неговиот татко, огромен црн телевизор. Собата беше уредна, но поголемиот дел од неа, не беше воопшто искористен. Михаел седна на седмоседот, вклучувајќи го телевизорот со далечинскиот управувач, а веднаш до него, седна Дамјан.

„Како си?“ – праша Дамјан.

„Одлично. Се спремам за забавата која ќе ја одржам наредната недела“.

„Тоа е супер братче!“

„И ти си поканет Дамјан! Се надевам дека ќе се облечиш поубаво од минатата година“ – рече Михал, и ако потоа зажали за тоа што го кажа, бидејќи го забележа изразот на лицето од Дамјан. Имено, Дамјан минатата година, на забавата дојде со сини пантолони, розова блуза со апликација „Не се плашам“ и црвени патики. Поради тоа, после забавата сите го озборуваа. Забавата на Михаел се одржуваше секој август, во неговиот огромен двор. Па поради тоа, никогаш не се случило да заврне. Не, до сега!

„ЗАБОРАВИ МЕ"Where stories live. Discover now