Прва смена – 2023 година
Дождот се лизгаше по прозорците од градскиот авотбус, наречен кецот и обоен во дречливо лимета-зелена боја, како што се лизгаше и преку пластичниот кров од автобуската станица, закопана пред Педагошкиот Факултет на широката улица Генерал Васко Каранѓелевски, или само Каранѓелевски. Возилото надодаваше на бучавата од главната улица, со чкрипењето на дебелите гуми и пуфкањето на смог од полу-затнатиот ауспух. Вообичаено, стоев покрај задната врат,а но денес успев да се притиснам во едно седиште кај прозорците, блиску до опашката на возилото. Кога беше сончево, преку дебелото стакло на прозорец стоеше уште подебел слој од прав, но за среќа, капките го истуркаа правот и оставаа да се гледаат улиците.
Метеото беше сигурно дека немаше денес да врни, со пари беше спремно да се обклади, но не изненади ненајдениот дождец што започнал како пролетно роскање. Баш заради ваквите ненајдени бранови од невреме сеуште бевме сите закачени со пролетните јакни, а зимурливите ќе нагрнеа некоја подебела, палто наменето за период на рестарвација од зимско во пролетно време.
Замислував како неколку капки се тркаат по сткалото од прозорецот, трошејки го времето додека гломазното возило се тркала по Брусничка населба и ги собира сите ученици како пратки за карго. Слушалките пред седмици ги испратив во задгробниот живот на технологијата и набљудувањето на битолскиот градски пејсаж, мешањето на различните видови архитектура стоеше како единствен начин да го тепам времето.
Април беше на самиот праг, со тоа доаѓаше официјално и пролетта, потоплото време и метаморфозата на умрените растенија. Градот беше во почетните фази од да започнее да зеленее и молкот на глувите ноќи да започне да се исполнува со зуењето на ноќните животни, бубачките. Лично, не бев возбуден за времето што доаѓаше. Колку и да го исполниваше градот со живот, мене ме исполнуваше со периодична депресија. Го преферирав сличново време во октомври, отколку во март. Наместо да гледам како се доаѓа бавно во живот, ми прилегаше да гледам како се бавно умира. Ми носеше спокој во душата како што студот ме навладуваше, а топлото само правеше да ми се мати пред очи.
Радиото сместена покрај шоферот на автобусот беше затегнато толку гласно се слушаше до моето заташкано седиште одзади. Неколку врсници ја потпевнуваа песната која се емитуваше, иако беше постара од нив. Стануваше збор за ,,Секогаш гледај на бистара страна од животот". Чудно ќе беше некој да не го знае рефренот, кога беше зацементиран како икона на тогшаната музика, но во двата редици од седишта се шепотеа целите строфи без ниту една грешка. Срамежливо, но со доволно самосотјна сигурност за да не биде нивното пеење во беззбучно движење на усните по текстот. Радио водителот на утринската програма надодаде помеѓу последниот рефрен дека песната е наменета за оние што се летаргични кога врни, и весело надодаде дека можеби ќе најдат денес во небото виножито. Ако небото воопшто се расчисти, вообразено си искоментирав себеси.
YOU ARE READING
Помеѓу жиците на виолината
General FictionКисеки се наоѓа во свет каде никогаш не припаѓал. Со секоја година се повеќе и повеќе започнува да верува во тоа, но стравот дека нема да биде прифатен се зголемува како што наближува неговата матура. Дали ќе успее да се соочи со промените во околин...