,,Понеделник." мрмори Ријук уморно, триејки го тилот од неговата глава. Долж вратот имаше распрскани мозолки, кој беа разранети и зрачеа флоруцентно црвено.
,,Земам дека не се имаш наспано." Со пекналото тропам по крајот до тетратка, шарејки го аголот со созвездие од мастило. ,,Хм?"
,,Понеделник синдром." мрмори и ме погледнува ,,Како си окезен Кисеџи, човек би рекол дека имаше секс вчера."
,,Замолчи." го допирам за рамото.
,,Среќен си за нешто?" Ме погледнува од крајот на окото. ,,Не, чекај, знам."
,,Што знаеш?" Го ставам едното лакто на долгата маса и преку материјалот ги чуствувам делкањата од предходните генерации.
,, ,,Св Селиција" е за скоро." Кимнувам. ,,Се скина учење." Се смее.
,,Многу." Ги вртам очите. ,,Не сум толку заблудан како што бев." Ги погледнувам прстите, и гледам дека тој инстинктивно ме копира.
,,Не верувам дека не си." Мрмори. ,,Празниците се следната недела, знаеш?"
,,Знам." мрморам ,,Натпреварот е неколку денови после него."
,,И возбуден си?"
,,За фестивалот? Не."
,,Зошто?"
,,Би бил возбуден ако го отворав, но јас сум само еден од тие...Мислам дека организаторите ги нарекуваа дипломати или конзули за музика."
,,Конзул за музика, звучи fancy."
,,Викаш?"
,,Фукара Кисеџи, конзул за македонска класична музика." Се допира за брада. ,,Можеш да бидеш конзул како професија."
,,Тоа не е професија bro."
,,Уф, дали ме нарече ,,bro"?" Се допре на градите. ,,Не си можен."
,,Знаеш, на крај, барем ќе се...прошетаме."
,,Не сакам да те лажам дека доаѓам."
,,И преку камера ќе се преживее." Ги завртив очите. ,,Само знаеш...Биди достапен."
Тој немо климна, како да се секна од зборови, и го извлече телефонот, удирајки го стаклото со врвоти од прстите, оставајки замачкана трага со секој контакт.
Го тргам погледот од него и гледам како низ отворената врата на училницата, се туркаат неколку девојки против провевот. Евгенија ги држеше краевите на нејзините коњски репови во силен кафез од расклопени прсти, за да не и се разлеттат во лицата невините адолесценти околу нејзе.
CZYTASZ
Помеѓу жиците на виолината
General FictionКисеки се наоѓа во свет каде никогаш не припаѓал. Со секоја година се повеќе и повеќе започнува да верува во тоа, но стравот дека нема да биде прифатен се зголемува како што наближува неговата матура. Дали ќе успее да се соочи со промените во околин...