Понеделник - Пладне - 3ти април

4 0 0
                                    

За време на Големиот одмор, Евгенија ме извлече мене и ги извлече Моника и Ријук на истата клупа каде се сретнавме, и гледаше како се стегаме тројцата како сардини иако можевме да се растегниме без никаков проблем.

Ријук не беше заинтересиран во причината зошто таа сакаше ненајдено да се социјализира со него и мене, повеќе се обидуваше да го истегне вратот за да погледне што прави неговиот скутер. Вратот му се вртеше лево и десно како да сака да си го скрши, се додека не го ѕирна едниот ретровизор и олеснителмно ги рашири нозете и ги падна рамениците.

,,Па, што е?" Ја праша и таа ги стави дланките повторно преку градниот кош, со лактите како и штрчат надвор како трња. Ми отиде погледот надолу и забележав дека врвките од патиките и беа одврзани. И најмалото движење што ќе го направеше, како да ја префрли тежината од едното на другото стапало, и тие ќе залетаа околу нејзините глуждови и го полудуваа мојот перфекционистички дух.

Не е само Моника перфекционист во друштвово, но јас сум единствениот гермофоб. А жити друштвото – Една недела се поздравуваме со Евгенија и веќе се добредојде, а Наталија најде некој пушачи за да не не влечка зад споменикот и да не смрдосува со смог.

,,Твоето доаѓање назад предизвика да се отворат многу затворени теми." таа тивко изговори, додека од фармерки изваде туба со лабело и дарежливо го триеше врз усните. ,,И бидејки ја имам честа да те имам тебе во живо, со надеж дека ќе ми веруваш мене и на Моника, сакам да те прашам неколку прашања."

Црвенилото на нејзините усни изгледаше лошо од што толку многу го натрупа во дебели и мрсни слоеви. Ги триеше усните едни меѓу други се додека во лабелото не се закопаа неколку разлетани парчиња сува кожа.

,,Повели." рече тој, скрстувајки ги нозете. ,,Како би можел, драга Евгенија, да те задоволам?"

Таа се насмевна и малку боја и отиде во лицето.

,,Сигурна сум дека не беше свесен за ова кога се случи, но денот кога се скина јажето во салата, се раширија многу трачови во врска со како се скина." Љубопитно ја погледнав. ,,Но највеорјатно имаше претпоставка за тоа."

,,Нормално." одговори тој ,,Затоа ме гледаат сите како да сум вонземјанин?"

,,Не, те гледаат како Спасител." рече таа пред тој да прсни во скоро хистерична смеа, фаќајки го стомакот со обете дланки.

Помеѓу жиците на виолинатаOù les histoires vivent. Découvrez maintenant