Кога стигнав конечно во станот, во десет после осум, ги собујав чевлите, ги оставив во еден агол покрај влезната врата и отидов во дневната соба. Торбата со виолината сеуште седеше онаму каде ја оставив, на софата, исправено како газдарицата на местово, заслужено во нејзиниот трон. Го ставив палтото покрај нејзе застанав до торбата. Прстите бавно го откопчаа патентот каде таа спиеше.
Дрвениот инструмент светеше на некои делови, каде паѓаше светлината од прозорците и слабото светло на трпезаријата. Со перничињата од прстите поминав по него и по жиците, што заштимаа и на најнежното триење. Бавно го извадов од торбата и го зедов гудалото кое стоеше под неа. Застанав на средината од собата, ја поставив виолината врз рамото, брадата ја потприв за неа и гудалото бавно застана врз жиците и испуштија скоро безшумен плач.
Го повлеков гудалто и жиците затреперија погласно, како во нив да се вееше страв. Беше наштимана од минатото среќавање со Мери. Ја оставам виолината врз торбата и од една фиока ја вадам тетратката во која ми беа ставени лисјата од композицијата. Ја ставам врз една полица со книги која беше поставена онолку високо на ѕидот в очи и повторно ја земам виолината Овој пат забележувам дека дланките ми се тресат уште од зглобовите, иако немаше никого околу мене. Ретко ми се случуваше тоа.
Ја започнав седмицата убеден дека враќањето на Ријук донесе човек што не беше оној кој го испратив, но дали е возможно јас да сум се променал и да не сакам да прифатам дека не сум оној кој мислам дека сум?
Го ставив гудалото повторно за жиците и почнав да свирам. Ги следев нотите и жиците испуштаа мелодични и хармонични звуци. Ме смирија. Престанав да мислам на се што се случи, со Тони и Ријук, и целосно се внесувам во музиката. Инстурментов ќе докаже дека јас сум оној кој сум, дека ништо не се промена кај мене.
Телото почнува да ми се движи напред и назад кај колениците. Краевите на прстите ми ги притискаат жиците за да вадат звук онаков како што викаше композицијата. Како што бараше оригиналниот композитор и како што завладував јас. Имам контрола врз инструменото на оној начин на кој животот иа конторла врз мене. Јас сум оној што го носи уметништово во живот. Го раѓам и одгледувам чедото од ноти, со кратки движења и љубов.
Го спуштив гудалот на страна од моето тело и го најдов одразот на моето лице врз лакираниот пуж. Светкаше бледилото во контраст со влакната, и црвенилот на моите усни. Ги протрив една врз друга.
Контрола.
Го допрев гудалото за жиците и започнав да ги одведува сетилата во место каде немав потреба да чуствував страв и трпет од иднината и следниот ден. Сега бев себеси, гол и ранлив.
ESTÁS LEYENDO
Помеѓу жиците на виолината
Ficción GeneralКисеки се наоѓа во свет каде никогаш не припаѓал. Со секоја година се повеќе и повеќе започнува да верува во тоа, но стравот дека нема да биде прифатен се зголемува како што наближува неговата матура. Дали ќе успее да се соочи со промените во околин...