Четврток - Попладне - 6 април

1 0 0
                                    

,,Патетично" вика Ријук додека со фен ми ја суши косата. Прстите му играа со прамењата коса што бавно почнуваа да се виткаат. Нaт беше доволно фина да не прими двајцата во нејзиниот стан на неколку блока од училиштето за да се исушам и соземам, со оглед дека не бев во состојба целиот крвосан да влезам во автобус и да одам дома. А уште помалку да одам пеш.

,,Мислам дека треба да ни е полесно на душата што немаше никаков напад на градите." Наталија изговори. Нејзиниот глас присутен, но не ја гледав ни пред мене ниту периферно од мене."

,,Да но-"

,,Ријук, молчи." Таа повторно кажува. ,,Не вреди да се зборува, штетата е направена."

Чустував како некого ги користеше моите синуси како тапани, и со левата дланка го притискав челото за да ја намалам болката. Врз грбот ми беше фрлена крпа за плажа и истата ја имав завиткано преку гради и стегав со слободната дланка како нечија рака. Неколку делови од крпата беа прошарани со мојата розева разредена крв и чуствував како се шири мирисот на детергент за чистење и урина од мене.

,,Некогаш толку си умешен со твоите навреди и закани, што ме потсетуваш на Катерина Сфорза." Наталија доаѓа покажувајки се кратко, држејки незапалена цигара меѓу прсти. ,,Ќе бидам на балкон."

,,Пред да одиш – Од каде знаеш Катерина Сфорза какви закани кажувала?" Слабо ја погледнувам, а таа не одговори веднаш, начулувајки ги ушите за да ме слушни подобро.

,,Од видео игри и книги за ренесансата."

Ријук се вмеша, подготвен да се прекрсти, макар што не е особено голем верник. ,,Господе Боже, од видео игри и книги."

Таа замавнува со дланата каде ја држеше цигарата. ,,Ќе бидам брза."

А јас и Ријук бевме толку големи девојки што решивме да си правиме фризури, си мислам додека му го чуствувам допирот околу темето. Бев толку омалаксан и воопшто не при себеси, што неможев да правам ништо сам. Едиснтвено го гледав слабиот шаблон на моите очила што беа на крајот од креветот на Наталија и чуствував како душекот зад мене беше пропаднат од тежината на другар ми.

,,Патетични се, сите тие четворица." Кивнувам додека зборува. ,,Ќе ги убијам." Забите му закрпипија додека го сушеше следниот прамен коса. Ги протрив усните, крвавен вкус ми ја напаѓа усната празнина. Посегнав по една украсна перница на нејзиниот кревет и ја прегнав, дланките ми се сретнуваа и склопуваат во синџир една со друга. Ја потприв главата и Ријук мораше да се премести за да ме достигни со фенот.
Пред да заминеме ќе и го наместам креветот. ,,Порака, кој кур поарака."

Помеѓу жиците на виолинатаDonde viven las historias. Descúbrelo ahora