Го гледам Ријук како трча накај тенковите и се задишувам помислувајки да трчам кон него. Тој се качува на него со раширени нозе и скока додека ми мавка, како да не бевме заедно предходните неколку минути од возење долж Партизанска и заедничко пиење на едно шише вино. Јас ја стегам само дланката во тупаница и тој како мало дете скока од тенкот и трча накај мене. Кога е на два чекори од мене, скокнува и се потпира за моите раменици. Не се испијанивме, барем се надевав. Но, многу нешта делуваа посмешно и позабавно отколку што треба.
,,Кај си бе будало?!"се смее тој со заби, со неговото лице румено.
,,Хаха, еве сум." му велам и тој ја навалува главата насмевнато
,,Годи што." ги лизга дланките до моите лакти и потоа ме влечка до тенкот за да седне на него.
,,Што?"
,,Ми се јади." мавта со педесет денарска банкнота и се ми омекнува изразот. ,,Ти се јади?"
,,Ми се јади, изгледа." Јас го гледам неговиот прст како покажува кон најблиско осветлената седнвичара, отспротива паркингот на Стадионот и потоа неговото лице. Го гризнувам образот и кимнувам. ,,Ајде"
,,Земи ми го скутерот." Заборавив дека тоа е уште едно нешто на што треба да внимаваме. Тој ја имаше претрчано улицата, користејки го минималниот сообраќаен метеж, и ме чекаше на другата страна, смеејќи се на како се влечкам со неговото возило.
,,Каде беше излезен вчера што скоро цел ден го преспа?"
,,Со Моника."
,,Ау." Намигнувам.
,,Влеговме во некоја приватна забава и не не фатија. Бевме ќефој." Тоа објасна доволно.
Пијано ја префрли дланката преку рамката на мојот граден кош и ме имаше повлечено поблиску до себеси, неговиот мирис на алкохол и пот како беше чудно пријатен. Му ги гледам прстите околу рамото како се стегнуваат со првите неколку чекори, небаре ќе избегав како див пес. Ме потискаше. ,,Што си како помочан?"
,,Не сум." ја кревам едната веѓа, гледајки дали има нешто на што може да се судри мопедот.
,,Е изгледаш така." Се смее кон себеси, и претпоставувам дека му се гледам двојно. Мојот нефанатизам кон алкохолот предизвика тој да го испие мноштвото на истото, што сега спиеше завиткано зад тенкот.
VOCÊ ESTÁ LENDO
Помеѓу жиците на виолината
Ficção GeralКисеки се наоѓа во свет каде никогаш не припаѓал. Со секоја година се повеќе и повеќе започнува да верува во тоа, но стравот дека нема да биде прифатен се зголемува како што наближува неговата матура. Дали ќе успее да се соочи со промените во околин...