Иако се движиме покрај реката, која искрено повеќе беше поточе, нејзините течења беа онемени од сите забрзани автомобили како летаат надолу по едносмерната улица. Ријук диши брзо, и ме погледнува мене, што бев во скоро слична состојба, и потоа Моника, која беше скоро растрчана по троатоарот. Дланките и беа залепени за рачките од нејзиниот ранец, кој леташе лево-десно со секој нејзин чекор.
Темпото и се забави откога излеговме од булеварот, вртејки по една ненормално ридеста уличка, чии тремови беа исполнети со џуќели кои лаат кон се како да се на стероиди. Ја претекнува и одиме тројцата едни покрај други, со синхронизирани чекори.
,,Океј вака." Застанува на нејзините пети и се врти во покукруг. ,,Ова е луда идеја."
,,Мислам дека ти си луда..." Го удирам по ребротото.
,,Да и се јавам? Задтка, допирајки се кај џебови од фармекрите и потоа од краткото палто. ,,Дали да и се јавам?"
,,Не. Ќе те откачи." Несигурно го погледна телефонот, со одразот во заштитното стакло, и го врати во неговиот џеб.
,,А ако родителите не избркат?"
Им ги гледам ликовите и потоа ја гледам црната џуќела во најблискиот двор како скока во обид да ја премине оградата и да истрча по нас. Си ја допирам брадата. ,,Ќе и купеме колачиња."
,,И што ќе правиме со нив?"
,,Ќе и ги дадеме на Нет, небаре дојдовме на посета." Ја тргам дланката од брадата, чуствувајки како ме боцкаат почетоците на вчера-избричаните влакна. ,,Има тука некаде продавница или бакал? Ќе купеме од таму." Одам пред нив, и на една раскрсница гледам дека сме на Охридска улица.
Продолжуваме да одеме по патот и да внимаваме од автомобили кои брзаа по асфалтот, топејки ги нивните гуми на површината. Поминува уште неколку метри и ја оставаме Моника да купи тоа што брзо ќе и паднеше в очи во една трафостаница. Преку стаклената врата замавна со пластифицирана кутија од некои чоколадца, и иако немавме објаца поим колку пари се, дадовме знак дека е добро и дочекавме да плати.
Потоа, се зачудив дека минатиот пат не ја воспиемив зградата на Наталија. Беше тесна и правоаголенста, напикана во тенка слепа уличка. Секој паркиран автомобил ги имаше ретровизорите завиткано, баш од што беше тенок приодот до градбата. Фасата беше осветлена на една страна, онаа каде паѓаше повеќе сонце, а скоро сите прозорци беа со венецијанките спуштени, како закупците да беа вампири. И со се што се случува, реков самиот дека следното клише за овој пост-пандемиски свет е појавата на вампирите.
ESTÁS LEYENDO
Помеѓу жиците на виолината
Ficción GeneralКисеки се наоѓа во свет каде никогаш не припаѓал. Со секоја година се повеќе и повеќе започнува да верува во тоа, но стравот дека нема да биде прифатен се зголемува како што наближува неговата матура. Дали ќе успее да се соочи со промените во околин...